Повеќе скопски општини утре без струја

Без струја утре ќе бидат повеќе скопски општини, меѓу кои Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Сарај и Центар, информираат од РЦУК Скопје.

Во Ѓорче Петров, дел од корисниците на улица 20 ќе бидат без струја од 9 до 15 часот, додека, во Бутел, корисниците од улица 8 Љуботенски Пат, во близина на последна автобуска постојка за автобусот број 8, од 9 до 14 часот.

Во периодот од 9:15 до 12:45 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улици 1, 3 и 5, во село Јурумлери во Гази Баба, а во периодот од 9 до 14, корисниците од Драчево – дел од улицата „Јустинијан Први“ (ул. Драчевска) во Кисела Вода.

Во Сарај, без струја утре ќе бидат корисниците од селата Матка, Шишево и Глумово, од 8:30 до 15 часот, а во Центар од 8:30 до 15:30 часот корисниците од дел од улицата „Дане Крапчев“.

Претходна вестДИК со нов тендер ја поправа грешката за апаратите за отисок од прст
Следна вестВелешанец на чело на криминалната група која од Грција преку Македонија носела мигранти во ЕУ