На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 239.283 граѓани.
Со прва доза вчера се вакцинирани 1.995 граѓани, додека вкупно се вакцинирале 15.155 граѓани.
Во државата досега вкупно се аплицирани 346.931 дози вакцини, а ревакцинирани се 107.648 граѓани. Со последните бројки 47% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 436.072 граѓани.