Затворено досието „геноцид во БиХ“: Потврдена доживотната казна затвор за генералот Ратко Младиќ

Жалбениот совет на Хашкиот Трибунал денеска ја потврди првостепената пресуда против воениот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој е осуден на доживотен затвор за најсериозните воени злосторства за време на војната во БиХ, вклучително и геноцидот во Сребреница.

Со ова, по 26 години заврши последното судење за геноцид на територијата на БиХ пред судот на Обединетите нации за поранешна Југославија.

Младиќ се наоѓа во притвор во Шевенинген од 31 мај 2011 година. Судењето траеше од 16 мај 2012 година до 15 декември 2016 година, при што беа сослушани 169 сведоци на обвинителството и 208 сведоци на одбраната, како и писмени изјави на уште 214 сведоци. Прифатени беа 9.914 доказни предмети.

 

Претходна вестНеделата е неработен ден од 1 октомври – за оние што ќе работат плус 100 отсто дневница и слободен ден
Следна вестМоже не работеа целосно годинава, ама административците ќе си земат К-15