Од овој четврток, Градското кино „Милениум“ во Скопје ќе почне повторно со работа.
На репертоарот се наоѓаат новиот дел од филмската сага „Брзи и бесни“, „Денови на гнев“ од Гај Ричи, драмата „Шарлатан“, современата верзија на класичниот роман на Чарлс Дикенс – „Твист“ и шведскиот анимиран филм „Безопашестиот Пеле“.
Билетите се достапни на билетарница во киното по цена од 150 денари.