Македонски нуркачи учествуваа во меѓународна акција за чистење на морското дно околу Дубровник. Се работи за голема меѓународна акција во која работеа нуркачи од повеќе земји како Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија и Чешка.
Учеството беше доброволно, а за тоа на македонските нуркачи им се заблагодарија од хрватските клубови:
-Ви благодариме што поминавте толкав пат до нас, што сами си ги плативте ПЦР тестовите, за да учествувате во оваа акција – напишаа на својата веб страна од нуркачкиот центар „Сеа Стар Дивинг“, организатор на акцијата.
Ваква иницијатива и е повеќе од потребна на Македонија. И тоа ние немаме море, но имаме ѓубре во реките и езерата, колку сакаш. Треска, Вардар, дури и не треба да продолжиме со набројување, оти само за овие две реки ќе требаат недели и недели. Охридското Езеро на површина ја вади безобразноста на граѓаните, но прашање е што се гние на дното? А каде се Преспанското и Дојранското…
Неодамна и Албанија се пофали дека ја ангажирала армијата за чистење на албанското крајбрежје и дното на морето. Македонските власти, еве, имаат неколку идеи, само треба да иницираат веднаш. Или пак ќе почекаат септември кога летната сезона ќе биде на крај?