Конечно на ред дојде руинираното шеталиште „Кај Жабарот“

Познатото скопско шеталиште пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот“, па се до почетокот на влезот во градскиот парк ќе добие нов лик.

Патеката во должина од 140 метри и ширина од 10 метри, што е помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе биде од лиен бетон, а ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад.

Овој потег иако е еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, веќе подолго време беше руиниран и преставуваше критично место при шетање или движење со велосипед.

Во меѓувреме, во завршна фаза е и реконструкцијата на шеталиштето на кејот „13-ти Ноември“, а се работи и на обнова на пешачките патеки во вториот дел од Градски Парк, каде веќе се завршени сите пешачки мостови.

Претходна вестЦрна Гора ги укина епидемиолошките мерки, вакцинираните и негативните имаат влез секаде
Следна вестУХМР предупредува: Попладнево пороен дожд