Mакедонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка се приклучија кон одлуката на ЕУ и ги забранија прелетите на белоруските авиокомпании.
Советот на Европа донесе одлука за зајакнување на постојните мерки за ограничување, со оглед на состојбата во Белорусија, со воведување забрана за прелети на воздушниот простор на ЕУ и пристап до аеродромите на ЕУ од белоруски авиопревозници од сите видови, се наведува во соопштението на Советот на Европа.
-Тие ќе ги усогласат своите национални политики со одлуката на Советот на Европската Унија. ЕУ ја забележува оваа обврска и ја поздравува, се вели во документот.
На белоруските авиокомпании им е забрането да ги користат воздушниот простор и аеродромите на Европската Унија од 5 јуни. Официјалната одлука на Советот на Европската Унија прецизира дека забраната не важи за хуманитарни летови, како и за присилни слетувања и итни летови.
Забраната за летови е прва официјално објавена мерка на Европската Унија кон Белорусија по инцидентот со слетувањето на авионот на компанијата „Рајанер“ во Минск на 23 мај.
Авион на „Рајан ер“, кој леташе од Атина кон Вилнус, беше принуден да слета на аеродромот во Минск на 23 мај, поради пријава дека во авионот е поставена бомба, но по слетувањето властите уапсија опозициски активист.