Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи работи во Луксембург, притоа останувајќи отворена за конструктивен дијалог со претстојното словенечко претседателство со Советот на ЕУ за изнаоѓање заемно прифатливи решенија, објави попладнево бугарското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се пренесува изјавата на заменик-министерот за надворешни работи Румен Александров, кој денеска беше во Луксембург, во која се вели дека Бугарија очекува од Македонија да започне во пракса да ги спроведува преземените обврски на високо ниво на 17 јуни 2021 година во Софија, што ќе ни овозможи да се движиме во позитивна насока.
-Ова вклучува експлицитно откажување на Република Северна Македонија од територијални, малцински и историски претензии кон Бугарија, промена на натписи / споменици кои создаваат омраза кон Бугарија во Република Северна Македонија, активирање на процес на рехабилитација на жртвите на Југославенскиот комунизам поради бугарска самосвест. Без оглед на нашиот билатерален дијалог со Република Северна Македонија, Бугарија инсистира на тоа спроведувањето на Договорот за добрососедство од страна на Република Северна Македонија да биде вклучено меѓу условите во идната рамка за преговори за пристапување на Скопје во ЕУ, изјавил Александров.