Во последното деноноќие регистрирани се пет нови случаи на ковид во земјава, а едно лице на возраст од 39 години од Кичево е починато во болнички услови од компликации на вирусот. Министерството за здравство денеска регистриран и осум оздравени пациенти.
Од петте нови случаи три се од Скопје и по едно од Куманово и Тетово, додека пак оздравени лица се по двајца од Скопје и Куманово и по едно лице во Кичево, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар.
Вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, бројката на оздравени пациенти е 149.916, на починати е 5.478, а бројот на активни случаи изнесува 251, од кои 92 во Скопје.