МНР реагира до УЕФА за објавата дека Мухамед Сејдини и Филип Поповски се северномакедонци

Рекација до УЕФА испрати денеска македонското Министерство за надворешни работи по објавата на официјалниот сајт на европската фудбалска асоцијација дека претседателот и секретарот на Фудбалска федерација на С.Македонија се по националност – Северномакедонци! Во графата „Nationality“ за претседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски е наведено дека се „North Macedonian“.

– МНР постојано води сметка за точната употреба на името на државата, државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации, соопштија од Министерството за надворешни работи

Претходна вестСДСМ: Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа дека македонскиот идентитет и јазик се меѓународно признати и потврдени
Следна вест19-годишник ја нападнал мајка си, кога дошла полицијата му пронашла дрога