17 години бегaл за на крај пак да го фатат

По 17 години во бегство, скопјанец падна во рацете на полицијата.

Како што информираше МВР, станува збор за скопјанец на возраст од 63 години кој се барал за издржување затворска казна од 12 години затвор. Тој бил фатен на Љуботенски пат, во близина на селото Радишани, а се барал за кривични дела поврзани со дрога.

За него била распишана Централна потерница за издржување казна затвор од 12 години за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниво по чл. 215 од Кривичниот законик. Тој е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна, велат од МВР.

Во апсењето учествувале полицајци од Кисела Вода и Чаир, како и од интервентната полиција.

Претходна вестДо петок пекол, за викенд потоп
Следна вестЛевица и ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат интерпелација за спикерот Џафери