Еднократна владина помош за туристички водичи, организатори на настани, фото и фитнес студија, игротеки…

Осумдесет лиценцирани туристички водичи ќе добијат еднократна финансиска поддршка од 30.750 денари од Владата за делумно покривање на штетата што ја претрпеа од ковид-кризата.

Помошта е дел од шестиот пакет антикризни мерки, исто како што е и помошта за 33 компании – организатори на настани.

Владата на денешната седница одлучи од шестиот пакет за справување со последиците од ковид-кризата, поддршка да добијат и сите 184 регистрирани фотографски студија и фитнес центри.

Исто така и 73 игротеки и приватни детски одморалишта.

Претходна вестВо „Жан Митрев“ потврдени уште два случаи со делта-сојот, сите невакцинирани
Следна вест„Зелена престолнина“ не стана, сега Скопје ќе се трка за „културна престолнина“ на Европа