Oд понеделник ќе почне теренска вакцинација, а ќе се дозволи и вакцинација на деца од 12 до 16 години, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Децата ќе се вакцинираат со „Фајзер“ која во овој моменет е единствена вакцина која е дозволена да се користи за деца на оваа возраст, рече Филипче.
Коментирајќи ги случаите кај кои е потврден делта-сојот, Филипче рече дека генерално епидемиолошката состојба е стабилна, но дека состојбата будно се следи во случај да е потребно воведување на нови рестрикции. Уште еднаш потенцира дека единствен начин за да се спречи нов пик е вакцинацијата.