Десет случаи на заразени со индискиот сој за корона вирусот се регистрирани во државава.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека четири случаи на заразени со индискиот сој се денеска потврдени во лабораторијата во МАНУ.
– Тоа се две двојки кои патувале во странство и немале премногу контакти. Сега епидемиолозите ја вршат таа работа која ја вршеа на почетокот, индивидуални контакти, изолација итн, рече Филипче.
Затоа апелираше граѓаните да се вакцинираат, бидејќи за неколку месеци, на крајот на годината може ќе се појави нов сој кој исто така можеби побрзо ќе се шири од овој.
-Очекувањата се дека ако е позаразна како сој варијантата дека таа ќе стане доминатна. До колку сме вакцинирани во висок процент и има одреден степен со вакцинален колективен имунитет колку и да е позаразен нема да се повтори претходната слика со британскиот сој и тој силен бран. Логично е да се очекува новиот сој побрзо да се шири и тоа е карактеристика на РНК вирусите. Тие кога ќе најдат на некаква препрека мутираат и продолжуваат да се шират. Затоа е тој концепт една од опциите дека можеби ќе премине во ендемска форма оваа болест ќе ја има и понатаму и вакцината е единствена што не штити, рече Филипче.