Случајот „Холидеј ин“ е затворен – може да почне да се гради првата од трите висококатници

Нема правна пречка да почне да се гради на паркингот спроти „Холидеј Ин“. Ова единствено е заедничко во изјавата што денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ја даде за неколку медиуми.

Со негов потпис на дозволата за градба, инвеститорите – фирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква немаат пречки да почнат со градба, но тој за едни денеска изјави дека потпишал, а за други дека тоа е прашање на време, денес или утре, но дека веќе нема начин да се одолговлекува или спречи градењето, – нема никаква жалба од непосредни соседи или од било кој, што може да го прологнира процесот и нема законска можност процесот да се стопира.

Дозволата е извесна за првата 20-катница која се наоѓа на земјиште во сопственост на МПЦ-ОА бидејќи за неа се уплатени комуналии во висина од 2.4 милиони евра на сметкитите на Град Скопје и на Општина Центар. За другите два објекти – станбена зграда и деловен центар дополнително ќе се платат надоместоците за уредување на градежносто земјиште.

Планот за изградба на висококатниците е предвиден со Деталниот урбанистички план донесен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година. СДСМ иако најавуваше не ја спречи имплементацијата на спорните планови, а дополнително овозможи и дооформување на парцелата со продажба на државно земјиште кај паркингот спроти „Холидеј ин“.

Откако беше укинат мораториумот за градба во Општина Центар, Центар поднесе елаборат за суспензија на спорните детални урбанистички планови, но Стручната комисија при Министерството за транспорт и врски утврдила дека се промашени, односно наместо да бара суспензија за конкретни спорни локации, Општината побарала суспензија на цели детални урбанистички планови.

Претходна вест„Тортура“ се врати во повторно судење, но без нови докази – наскоро завршни зборови
Следна вестПрезентиран скопскиот трамвај на тркала: Ова е нова историја во јавниот транспорт, рече Шилегов