Над 40 албански државјани, кои сезонски работат во нашата земја, денеска беа вратени од граничниот премин Ќафасан.
Од МВР велат дека причина за враќање на албанските државјани е заради „неподнесување соодветна документација со која би ги оправдале целта и условите за престој“.
Се работи за 42 државјани на Република Албанија. Еден од нив за кратко по одбиениот влез илегално ја преминал државната граница, за што во консултација со Основен суд Струга изречена му е мерка протерување од државата и забрана за влез во Република Северна Македонија, велат од МВР
Пред неколку дена четириесетгодишен работник од Албанија загина во Охрид. Тој со тешки повреди од работното место бил пренесен во болница, но по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите.