Осумнаесет годишното момче кое во април годинава ја прегази дваесетгодишната Верица Белчовска во Струмица е осудено на 15 месеци затвор.
Белчовска од Русиново стана симбол за хуманост откако нејзиното семејство одлучи да ги донира нејзините органи кои беа трансплантиран – срце, бубрези, коски…
Сообраќајната несреќа се случи на 7 април, годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица во 19:40 часот, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.
Обвинетиот пред судот ја признал вината за стореното дело, а казната на момчето му е изречена за сторени кривични тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
За хуманоста семејството Белчовски доби стан на користење од Владата, а мајката на Верица се вработи во канцеларијата на премиерот Зоран Заев во Струмица.