Девојче од скопско Сарај заврши со тешки телесни повреди, откако било удрено со автомобил додека се возело со велосипед во Љубин.
Несреќата се случила вчера во 19.20 чaсот на крстосницата од улицата 1 и улицата 5 во село Љубин, скопско, 22-годишн жител на Љубин, со автомобил удрил во велосипед.
Девојчето добило тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.