38-годишно лице од Кичево е уапсено откако при претрес во неговиот дом полицијата пронашла дрога.
Полицијата соопшти дека денеска (29.7.2021) во 00:35 часот од полициски службеници од ОВР Кичево бил лишен од слобода Д.А.(38) од с.Гарани, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Имено, во текот на вечерта 28/29.7.2021, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.А. во с.Гарани. При претресот се пронајдени и одземени стебла од канабис сатива, марихуана, предмети со остатоци од прашеста материја, ловен патрон, ќеса со кафеава грутчеста материја.
Д.А. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.