Разговорите со Бугарија ќе продолжат штом се формира новата влада во Софија

Разговорите со Бугарија за изнаоѓање решение за отворените прашања и надминување на ветото за ЕУ ќе продолжат веднаш што се формира влада во Софија по предвремените избори во земјата одржани порано овој месец.

Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција по Регионалниот економски форум во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ претходно позната по неформалното име „Мини Шенген“, премиерот Зоран Заев укажа дека и Бугарија е добредојдена да се приклучи на оваа иницијатива иако е членка на ЕУ.

-Посакувам Бугарија навистина да направи влада. Тоа е добро и за Бугарија и за бугарскиот народ, секако и за регионот. Добро е и за Северна Македонија. Штом ќе се направи влада, ние рековме продолжуваме да разговараме се додека најдеме решение. И како што ние и нашите граѓани сега одат со лични карти низ нашите граници, каде што ги разменивме ресурсите за справување со катастрофи, па ќе можат и тие да се приклучат доколку сакаат. Затоа што ова е Балкан. Иако се земја членка на ЕУ, зошто не. Така што ова го испраќам како порака дека мал ни е регионот, мораме да соработуваме, да си помагаме, пред се, заради нашите граѓани, а секако и понатаму да се интегрираме затоа што тоа, исто така, носи придобивка за нашите граѓани, одговори Заев, прашан дали очекува по изборите во Бугарија да се придвижат работите.

 

Претходна вестУНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство
Следна вестИ денеска пораст на бројот на заразени – за 24 часа нови 54