Поради топлото време: Дневно стотина интервенции на итната помош и десетина колапси

Зголемен е бројот на повици во Службата за Итна медицинска помош во Скопје, а екипите интервенираат дневно кај стотина случаи. Од Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје велат дека дневно има и од осум до десет колапси.

Граѓаните кои бараат помош не се чувствуваат добро поради топлото време и имаат главоболки, болка во градите, кардиоваскуларни промени…

Поради високите температури во портокалова фаза од Министерството за здравство потсетија и на општите мерки за заштита на здравјето, односно во текот на овие екстремно топли денови, граѓаните треба да останат повеќе време во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

-Да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на Сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари, стои во препораките.

Претходна вестАнтикорупциска: Кревањето на прагот за независните кандидати за локалните избори е политичка корупција
Следна вестУНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство