Тетовската полиција синоќа во периодот од 00.30 до 01.30 часот, преземала акција по претходно добиени информации дека на автопатот Скопје-Тетово, односно од бензинска пумпа на автопатот до влезот на Тетово кај клучка север, ќе бидат организирани диви трки.
На самото место биле затекнати 14 автомобили со тетовски и странски регистарски таблички, кои биле привремено задржани во полициската станица во Тетово.
Во текот на денешниот ден возилата биле на вонреден технички преглед, при што кај шест од нив биле констатирани технички неисправности, од кои 2 биле за поголема бучавост од дозволеното и биле конфискувани во траење од 3 месеци.
Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај, а против нивните возачи се поднесени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со казна од 400 евра.