Пожарот кај Кочани се шири кон куќите во северниот дел на градот, пратени два армиски хеликоптери

Два хеликоптера на Армијата полетаа од базата во Скопје кон Кочани за да се вклучат во гаснењето на пожарот кој се шири кон куќите во северниот дел на градот, објавија од Општина Кочани.

Во гаснењето на огнот се вклучени и противпожарните единици, јавните претпријатија, полицијата и други државни служби, како и месното население.

Ветрот и сувата вегетација придонеле пожарот повторно да се активира откако изутрината тој бил ставен под контрола.

Огнената стихија брзо се шири и стигна до фабриката за вода за пиење и до куќите во нејзина близина со што ја загрозува безбедноста на неколку населби во североисточниот дел на градот.

Од Територијалната противпожарна единица во Кочани информираат дека дејствуваат со сите расположливи човечки и материјални ресурси, но проблем е што огнената линија е раширена во пречник од околу десетина километри. Интервенцијата е отежната и поради стрмниот терен до кој не може да се пристапи со противпожарните возила.

Претходна вестСребрениот олимпиец Георгиевски пречекан во Скопје: Го остаривме ветувањето за медал
Следна вестДојде август, но Марин, Богоев, Богдановиќ и Димитриевски уште не знаат дали пак ќе се тркаат за градоначалници