Уште пет старо-нови градоначалнички кандидати промвираше СДСМ, за Гази Баба, Могила, Неготино, Ранковце и Берово. Образложението на претседателот на партијата Зоран Заев е повторно дека овие личности освоиле најголем број гласови „на анкетите за анализи и испитувања на јавното мислење“.
Претходно, кон средината на овој месец, како што е познато, СДСМ номинира триесетина кандидати за градоначалници од кои повеќето се веќе актуелните. Но меѓу нив не беа оние на Аеродром, Карпош и Центар кои поднесоа кандидатури и чекаат поддршка од партијата. Ќе добијат ли пак амин Богоев, Богдановиќ и Марин од Заев? Тој најави нови соопштувања на кандидатури во август, но вчера беше 29-ти јули а споменатите градоначалници не беа на листата на нови објавени од страна на првиот човек на партијата.
И не само за Аеродром, Центар и Карпош, туку и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски не е меѓу официјалните кандидатски имиња иако ја очекува поддршката на Заев. Тој е еден од ретките градоначалници кој често пати отворено го изразуваше својот политички став различен или спротивен со тој на СДСМ.
Мртва трка во внатрепартиските анкети е и во Битола, помеѓу актуелната градоначалничка Наташа Петровска, и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.