Џафери ќе ги распише локалните избори на 6 август

окалните избори ќе се одржат во редовниот рок согласно Законот на 17 oктомври, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери кои вели дека изборниот датум е во согласност со Уставот, а не договор помеѓу политичките партии. Џафери појаснува дека согласно член 16 од Изборниот законик мандатот на градоначалниците и советниците трае мајмногу четири години.

– Имајќи предвид дека претходните избори беа на 15 oктомври 2017 година, дури 46 општини вклучително и Град Скопје мандат добија во првиот круг односно до 18 oктомври 2017 година. И тој мандат според Уставот не може да се продолжува освен во услови на вонредна или воена состојба. Мандатот може да биде пократок, но не може да се продолжи, рече Џафери, додавајќи дека краен рок за распишување на изборите е 6 aвгуст.

Надлежните служби се обврзани да обезбедат најмалку 75, а најмногу 90 дена од распишување до одржување на изборите, период во кој институциите но и политичките партии треба да ги спроведат сите предизборни активности. И покрај тоа што политичките партии неофицијално преку трибини и теренски посети веќе ја почнаа изборната кампања, според законските рокови кампањата за локалните избори ќе стартува на 28 Септември. Инаку спикерот Талат Џафери не прецизираше дали измените на Изборниот законик кои се во собраниска процедура ќе го минат собранискиот филтер пред годишниот одмор на пратениците кој почнува на 1 август.

– Формално-правно е можно, но тоа е обемна процедура која бара голем ангажман и кому ќе му служи ако се донесе толку брзо и пред претстојните локални избори, рече Џафери. За овие законски измени поднесени се вкупно 745 амандмани.

Претходна вестФирмата „Вардар“ од Градско го труела Вардар со мазут
Следна вестЗаев и Касами договорија коалиција за локалните