Косово контра Македонија, Албанија и Србија: Отворен Балкан е опасна иницијатива

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, на денешната прва официјална посета во земјава, изјави дека „Отворен Балкан“, како иницијатива за регионална соработка, е опасна идеја, бидејќи ја загрозува заедничката цел на земјите од регионот, а тоа е членството во Европската Унија.

-Без да го негираме правото на која било независна и суверена држава да носи свои одлуки за тоа во кои иницијативи ќе учествува, со кого сака да создаде мали или големи коалиции, Република Косово, иницијативата од Нови Сад, која едно време беше нарекувана „Мини Шенген“, а од вчера „Отворен Балкан“, ја смета за опасна. Се создава атмосфера дека имаме алтернатива за нашиот заеднички пат кон ЕУ, рече Гервала на прес конференцијата со министерот Бујар Османи.

Премиерот Зоран Заев, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претстадел Александар Вучиќ, во рамки на иницијативата, вчера во Скопје на економскиот форум оценија дека ова е силен импулс за поттикнување на регионалната соработка.

 

Претходна вестКовид кривата нагло оди нагоре: Нови 74 заразени и двајца починати за 24 часа
Следна вестМозочни удари, сообраќајки, хронични состојби – од утрово над 30 интервенции на Итната помош во Скопје