Од 10-ти август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката, напиша на Фејсбук Нико Беќаровски, доктор од Клиниката за токсикологија, во својатa прогноза за што ќе се случи со ковид-билансот во текот на месец август по пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44 степени Целзиусови.
Во порака до неговите колги, здравствените работници и соработници, вели да ги искористат следниве 10 дена да се разладат во солена/слатка/кисела вода, а потоа им порача: „Повторно ќе пливаме во сопствената пот, под скафандерите и маските“.
-Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот, истакнува Беќаровски.
Вчера, за 24 аса во земјава се регистрирани со 81 ковид-случај, што е постојано зглмување изминативе неколку денови.
И министерот Вено Филипче, кој цело време беше оптимист, па дурии предвиде дека на есен е можно да прогласиме крај на епидемијата, последниве денови вели дека нов ковид-бран е се поизвесен.