Речиси и да нема кај не гори во земјава – попладнево пожар и кај Богородица

Попладнево избил пожар во шумата во непосредна близина на граничниот премин Богородица.

Од снимки објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека гори борова шума во билзина на граничниот премин, непосредно над казината, кои исто така се во негова околина.

Според информациите, екипи на противпожарната едниница од Гевгелија и јавното претпријатие „Комуналец“ се на местото и се обидуваат да го изгаснат пожарот кој ја зафатил шумата.

Од екипите на терен соопштуваат дека пожарот поради ветрот се движи кон границата со Грција поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.

Доколку не се случи промена на правецот, првичните прогнози се дека нема да бидат загрозени казината, ГП Богородица и бензинските пумпи во близина на македонско-грчката граница.

 

Претходна вест(ВИДЕО) Во Бардовци се гради прифатен центар за странци, а не за мигранти – но има ли тоа некој да им го каже на жителите?
Следна вестЗа 24 часа во кумановско имало 9 пожари