Вучиќ понуди да ни испрати хеликоптери за гаснење на пожарите

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да ги испрати своите хеликоптери за гасење пожари доколку Скопје процени дека тоа е потребно, што и се предвидува во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Вучиќ изјавил дека не го интересира што мислат поединци на Запад за таа иницијатива, ако таа е добра за Србија, Северна Македонија и за Албанија.

-Доколку има потреба да се помогне во гасењето на пожарите, ние веќе донесовме одлука и се согласивме да ги испратиме нашите хеликоптери, бидејќи можат да носат 1 200 литри вода. Се надевам дека сега ситуацијата е многу подобра ,изјави Вучиќ.

Претходна вестЗа 24 часа во кумановско имало 9 пожари
Следна вестАко не ја одложи пандемијата, наставничкиот пленум ќе ја бојкотира наставата во септември