Страшните ковид-бројки се враќаат ко на филм: Дури 8 починати и 588 нови заразени за 24 часа

Осум лица починаа во земјава како последица од ковид во изминатите 24 часа, а регистрирани се уште 588 нови заразени. Во последните 24 часа се направени 5.780 тестирања.

Починатите се лица: по 2 лица од Тетово (66г и 72г) и Гостивар (67г и 72г), по едно лице од Скопје (65г), Прилеп (51г), Кичево (74г) и Велес (65г).  Од починатите лица само едно лице е починато во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.

Новите заразени се: Скопје – 230, Тетово – 101, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница  – по 3, Ресен и Македонски Брод  – по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Има и 26 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135, од кои 1.053 се од Скопје.

 

Претходна вестЈунајтед Груп ќе соработува со Нокиа за да ја унапредат мобилната мрежа и да понудат ненадминливо корисничко искуство
Следна вестВестите од Бугарија не се охрабрувачки за Османи