Со која уставна или законска одредба е оправдано гостите да мора да се вакцинирани, а келнерите и готвачите не?!

Како е возможно за гостите да важи апсолутното правило дека мора да бидат вакцинирани – ако воопшто сакаат да влезат во угостителските објекти, додека за персоналот како келнери и готвачи – нема обврзување за итна имунизација? Оваа дилема се наметна откако вчера, од Министерството за здравство (МЗ) за дел од медиумите изјавиле дека келнерите и готвачите не мора да се вакцинирани, односно дека за нив не важат рестрикциите како за гостите.

– Вработените не се должни иако е препорачано да се вакцинираат. Тие секако може да одат на работа. Целта на оваа мерка е да се спречи поголема група на луѓе односно гости кои се без вакцина, да бидат на едно место и со тоа да се намали ризикот и од ширење на вирусот во угостителски објекти, велат од МЗ.

Ваквата информација оддекна во форма на револт на социјалните мрежи. Јавноста иронично констатира дека „изгледа короната ја шират само гостите во кафулињата, а не и келнерите и готвачите“.

Дали ова не е чиста дискриминација? Со која уставна или законска одредба е оправдана ваквата селекција?

Додека се чекаат одговори на овие прашања, останува да се нагласи членот 3 од Уставот на Македонија, според кој „забранет е секаков вид на дискриминација, па дури и по основ на здравствена состојба“.

Претходна вестТатко уби син во Аеродром
Следна вестНаучна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ од 15 август до 5 септември во Охрид