Во пресрет на викендот: На Табановце, Блаце и Богородица за излез се чека 30 минути

На граничните премини Табановце, Блаце и Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути, со можност за зголемување на времето на чекање. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестЕдинствено стабилно во состојбата со ковид е растот на заразени – денеска 672 и пет починати
Следна вестЗа престој во хотел не е потребна потврда за вакцинација