За престој во хотел не е потребна потврда за вакцинација

Хотелите остануваат да работат со полн капацитет и по 16 август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација од ковид – 19.

– Беше прифатено нашето барање, направени се измени и потврда за вакцинација нема да требаат за служење пансион и за над 30 гости од хотелот, вели претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески

Редари мора да имаат во објектите, но нема да примаат надворешни гости во затворените ресторани и сали.

Тој објаснува дека 16 август од кога ќе важат новите мерки е на две недели од крајот на сезоната  и тие влијаат психички кај гостите – некои ги откажуваат аранжманите, други пак што планирале да користат летен одмор во некое туристичко место во земјава сега се во недоумица.

 

Претходна вестВо пресрет на викендот: На Табановце, Блаце и Богородица за излез се чека 30 минути
Следна вест250 евра за поединец, до 30 илјади евра за кафеана ако нема потврда за вакцинација