Недореченост на мерките – со сертификат за вакцина од мама, тато , дедо може да влезете во мол

Само ден-два откако рестриктивните мерки се во сила, недостатоците, недореченоста и неподготвеноста на терен брзо се покажаа. Па така граѓани на социјалните мрежи споделуваа искуства од нивните обиди да влезат во моловите, пред кои обезбедувањето на истите барало само да види сертификати без да ги легитимира лицата што во моментот ги поседуваат. Голем дел од луѓето влегувале со сертификати од родители, роднини, пријатели, без и воопшто да бидат вакцинирани.

Од друга страна, кафулињата и рестораните осамнаа празни. Угостителите се повторно нервозни, револтирани и разочарани, најавувајќи протести заради тоа што новите рестрикции се удрија повторно на нивните грбови. Дотолку повеќе што дел од нив со капацитети над 30 гости мора да ангажираат и редари кои ќе ги контролираат сертификатите за вакцинација на гостите. Во безизлез, дел од угостителите одлучија да не примаат повеќе од 30 гости, свесно редуцирајќи го дневниот промет, за да не мора да ангажираат редарски служби.

На крајот, игротеките и базените и натаму имаат дилеми што треба да бараат за да дозволат влез ако се знае дека во најголем дел од нив гостите се дечиња и малолетници кои не подлежат на рестриктивните мерки. Иако, во текот на вчерашниот ден, некои родители споделуваа искуства дека не успеале со нивните малолетни деца да влезат во некој од моловите за да пазарат во книжарница – оти и за децата им било побарано документ за вакцинација или прележаност на ковид 19.

Претходна вестСекој ден се полошо: 15 починати и речиси 1.100 нови заразени
Следна вест„Кроација рекордс“ го реиздаде албумот со песни од Блаже Конески, снимен пред 40 години