На 21.08.2021 година во 11.10 часот на автопатот „Гоце Делчев“, пред клучка Коњари, скопско, патничко возило „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(24) од Штип, излетало од коловозот.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(47) од Штип, додека возачот и 17-годишна сопатничка од Штип се здобиле со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.