Уапсен дрвокрадец од Скопје, бил агресивен и кон Шумската полиција

66-годишно лице од Скопје било приведено откако бил фатен како превезувал нелегално исечено огревно дрво а подоцна, како што соопшти полицијата, агресивно се однесувал и кон овластените лица.

Според МВР, вчера во 19.30 часот на место викано „Крстена вода“, атар на с.Белица, Македонски Брод, полициски службеници од Полициска станица Македонски Брод го лишиле од слобода С.А.(66) од Скопје, затоа што со товарно возило превезувал нелегално исечено огревно дрво и се однесувал агресивно кон Шумската полиција кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа надлежните органи

Претходна вестЌе добиеме ли уште една изгубена генерација на деца?
Следна вестРегистрирани 882 нови случаи на Коронавирус, починати се 14 лица