Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 отсто.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за еден денар по литар и ќе изнесуваат 70,5, односно 61 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,5 денари за литар и ќе чини 72 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 61,5 денари.
Со одлуката на РКЕ за 0,751 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 35,930 денари.
Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа за околу 3,794 отсто кај бензинот и за околу 2,287 отсто кај дизелот, како и за 0,043 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот