По Германија и Кипар не обележа со црвено на ковид-картата

Од портокаловата, заедно со уште три земји,Македонија е преместена во црвената зона за патување на Кипар и задолжителен е ПЦР тест направен 72 часа пред поаѓањето, но и уште еден текст по пристигнувањето, на трошок на самите патници

Одлуката на Министерството за здравство на Кипар, која стапува во сила во четврток на 26 август, предвдува нашата земја да е во категоријата земји со зголемена опасност.

Освен Македонија, во третата категорија префрлени се и Бугарија, Лихтенштајн и Босна и Херцеговина.

Во третата категорија се земји со „зголемена опасност во споредба со другите две категории“, каде се вклучени 40 држави за чии државјани и задолжителен е негативен тест ПЦР тест 72 часа пред поаѓањето и уште еден по пристигнувањето на Кипар.

Вториот тест е на трошок на патниците, кои е потребно да бидат во домашна изолација сè до издавањето на резултатите.

Oд 22 овој месец, Германија ја означи Македонија како подрачје со висок ризик на инфекција со ковид-19, објави на Фејсбук страната германската амбасада во Скопје. Затоа, сите патници мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или Федералната полиција. Ова предвидув карантин (10 дена) кој може да трае пократко ако се покаже сертификат за вакцинација

Претходна вестОд полноќ поевтини горива за 1,5 денар
Следна вестГостиварец се обидел да прошверцува 1.000 антиген тестови од Германија, ќе одговара прекршочно