Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека околу 700 пациенти се хоспитализирани во болниците поради компликации од ковид-19.
Најголем број на пациенти се во болниците во Тетово, каде има 110 пациенти, 90 пациенти во болницата во Гостивар, околу 35-36 пациенти во болницата во Струга, 40-тина пациенти во болницата во Кичево, соопшти министерот Филипче.
За секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација, тој се транспортира до Скопје, каде е отворена Болницата за рехабилитација во Козле и каде само за време на викендот околу 25 пациенти од вкупно 110 кревети.
За пациентите од Кичево и од Струга на располагање се болниците во Прилеп и во Битола, а за Гостивар и Тетово болничките центри во Скопје.
Според него, здравството ќе го издржи и овој бран со ковид-19. Овие денови се следи како се одвива бранот во Тетово и во Гостивар, кои се специфични градови каде нагло се зголеми бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација.
Филипче повтори дека онаму аде има повисок процент на вакцинирани, тму има и помал број хоспитализирани, како што се Охрид и Битола.
Оваа недела, најави тој, се права анализи за да може да оформи некаква претпоставка како ќе се одвива овој бран.