Променливо облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во четврток претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Дневната температура ќе се задржи нешто пониска, особено во северните делови. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно време.

Претходна вестВодно не ги разбира законите со кои го штитат
Следна вестВчера во Скопје казнети 177 возачи, 23 санкции за брзо возење