Досега се издадени 13.000 лични карти од истечените 40.000

Досега, откако пред неколку дена започна издавањето на лични карти со новото име издадени се 13.000 од овие лични документи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој рече дека оекува најмногу две недели да трае целиот процес на печатење на оние коишто практично чекаа на одобрување и на печатење, некаде околу 40.000, кои не можеа да добијат документ за лична идентификација поради блокирањето на измените што Беса ги поднесе на Законот за лични карти од страна на Левица со голем број амандмани.

За издавањето на регистерски таблички со новата ознака НМК, министерот за внатрешни работи кажа дека тие веќе се издаваат согласно уставните амандмани и уставниот закон. Целосната замена треба да заврши за најмногу пет години.

Претходна вестГрупа родители бараат и оваа година да има избор за онлајн настава, без родителите да наведуваат причини
Следна вестПобарано е да згрижиме 750 авганистански цивили, тврди Османи, ќе се проверуваат преку АНБ