Дваесет и деветгодишниот И.Н од село Крушопек, Скопско, се здобил со телесни повреди откако претходно бил застрелан од непознат сторил.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, И.Н. во текот на вчерашниот ден околу 18 часот со телесни повреди бил примен на Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Во разговор со полициски службеници повредениот изјавил дека, додека се движел кон неговиот дом во село Крушопек, едно лице испукало еден куршум кон него, кој го погодил во ногата, по што забележал возило кое со голема брзина поминува покрај него.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.