Царовска: Нема муабет за смена за моделот или одложување на учебната година

По најавената средба на министерката за образование и наука Мила Царовска со директорите на средните училишта за условите во кои треба да започне оваа учебна година, поради нивната загриженост од епидемиолошката состојба во земјава, Царовска изјави дека таа средба е единствено за спроведување на мерките за заштита од ковид-19 и подготвеноста на училиштата тоа да го овозможат, а не за евентуално одложување на стартот на учебната година или промената во моделот.

-Јас во континуитет имам средби со сите директори. основните завршија во средата, четвртокот и петокот. Денеска се договорени сите средни, не само скопските средни училишта и ќе има дискусија по однос на стартот на учебната година, но по однос на менување на моделот, нема таква дискусија, заради тоа што од локалниот координативен штаб од Тетово пристигна барањето за две недели применување на онлајн настава при што Комисијата за заразни болести утврдува дали одреден модел се менува или не. Комисијата за заразни болести утврди дека тие може да одат со онлајн настава само поради преоптовареност на болницата, но не и поради други параметри. Денеска нема да се дискутира за промена на моделот на следење настава, туку за почетокот на учебната година, изјави Царовска, по посетата на ООУ „Никола Карев” во Пробиштип.

Претходна вестМинатата недела поевтинија за 1,5 денар, оваа недела горивата поскапуваат
Следна вестНа Табановце се чека до 40 минути за излез