Општина Карпош денеска преку соопштени информира дека се избришани четири маркици за згради на државно земјиште во Деталниот урбанистички план во делот околу гимназијата „Здравко Цветковски“, кој денеска е на Дневен ред на седницата на Совет.
Со новиот ДУП се бришат две згради предвидени за градба на државно земјиште и просторот се наменува за парк.
Исто така, со новиот ДУП кој денеска е пред советниците се бришат уште две маркици во истиот блок за згради – објекти за домување (П+7+ПК и П+7) и истите добиваат намена В1 – државни институции (П+6).
Објектот кој е предвиден за државни институции и е во висина од 32 метри, ќе биде за потребите на Институтот за социолошки и политички истражувања, Академијата за судии и јавни обвинители, Заводот за урбанизам, како и други институции. Оттука, целосно е лажна информацијата дека ќе се гради објект за домување од 32 метри.