Оштетен јарболот и тргнато бугарското знаме пред конзулатот во Битола

Министерството за надворешни работи го осуди оштетувањето на јарболот и отстранувањето на знамето на Бугарија пред конзулатот во Битола.

-Овој вандалски и неодговорен акт на некој поединец, чиј идентитет ќе биде предмет на разгледување од страна на надлежните органи, во никој случај не треба да се поистоветува со населението на овој традиционално конзулски и космополитски град, се вели во соопштението.

МНР нагласува дека ваквите изолирани и неконтролирани однесувања не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете држави, како и заедничките напори за напредок во нашите заложби за понатамошна интеграција во Европската Унија.

Претходна вестПартиското едноумие го замени новиот бран
Следна вестУтре сончево, температурата до 33 степени