Утре ќе биде претежно сончево со слаб ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ- индексот ќе биде 7.
Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 31 степен.
До петок ќе се задржи стабилно време, освен в среда околу пладне кога претежно во северните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд. В среда и в четврток, особено по должина на Повардарието ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на температурата.