Војни на иднината

Колумна на Самуел Садикарио-Колономос 

 

КЛАСИ: главните Баџоси велат дека војната почнува од класите – Маркс, Вебер, Бадиу, Сартр, Библија (израелити и гоји), КГБ е ехо и на работничката класа и на олигарсите. КЛАСИТЕ СЕ ФИКЦИЈА БЕ. Само војната е вистина. Јакоб Рочилд (роднина на Маркс…ме частеше виски еднаш) е висок, а Натаниел Рочилд е низок. Обајцата се автори на светски војни. Високиот и нискиот се еднакви! На Запад велат дека капитализмот ќе ги укине класите. Како? Преку неолиберален пазар и „бездржавен систем“…. па измислија „пост-модернизам“ – значи ти ништо не сфаќаш и ….ете затоа нема класи! Какви класи – идните војни ќе бидат за вода, а пост-идните, за воздух (жежок, жежок), а на крај – и за душа синко, Амин!

ВОЈНА: идните војни се сега. Ти велиш се е убаво, друг вели – одвратно. Значи – вие сте класи. Масовното убивање историски „е должност кон татковината“. Ако масата е работничка, тогаш се викаш комунист. Ако е армија, тогаш си фашист. Ако се „верници“, си фундаменталист. Ако е „корпорација“, тогаш си неолибрален капиталист. КОЈ СИ? Би сакал ли да те научам да направиш вирус кој може да го уништи светот? Да станеш „архангел“? Земи стапче за ПЦР-тест (инфицирано). Стави го во медиум и додај ензим (не ти кажувам кој). Инкубирај, потоа имаш нов вирус. Најди некој да го дистрибуира (фашист, комунист, корпоративист, џихадист, неолибералист, романтист….). Замисли – го имаш најопасниот вирус! Цар си! ВИКАААЈ – фак учење, фак партии, фак лидери, фак национализам, фак лажни договори, фак бугарофили, фак нацисти, фак комунисти, фак историски комисии….сакам музика, љубов, сите ве сакам! ДЕМОКРАТСКИ МАНИФЕСТ ДО ПЕНЗИОНЕРИТЕ: „имаш ингеренција да лечиш деменција“. Сам си. Како Нинџа. Мммм Рочилд ги сака Нинџите и Кинезите – тоа е Зен (кај нас – „Зем“). Еднаш му „телепатирав“ (не е важно како) на Чу Ен Лај да инкубираат западни идеи. Мммм, типот е гение. Први се во кибернетизам – значи кибер-империјализам – деконструкција на системи, цивилизации, урбанизми, прават нови носачи, подморници, ласери, летачи, сателити и – нова еволуција. Ќе ја оправат ЕУ-сапуницата. Едно дронче од Израел ѕирка низ квантум-мрежа. Знаете ли дека дрончиња исмисли мојот другар Михаил Михајлов (Македонец) и доби светска награда (за спортски дронови)? И Тито го пофали. Браво. Потоа со проф. Купер Леон смисливме „роеви“ со невронски мрежи како вируси и ДАРПА рече дека така

ќе прави ескадрили за лов на летачки објекти. Оружјата се вештачки организми. Русите прават авиони со 24 Маха и подморници со преку 10 маха (Русија е сила…. бем-ти демократија донесена од Џефри Сакс). Обична топка убрзана над 10 маха (електромагнетски), со кинетички удар е појака од атомска бомба. Ако се лансира од сателит – може да е преку 100, па и 1000 маха – како астероид – на земјата ќе пукне како 1000+ хидрогенски бомби. Хитлер (пријател на Рокфелер и Форд) вели дека најдобро оружје се картелите, а брзина (блиц) е „лапање“ простор (т.н. историја). „Блицот“ го распука СССР и Југославија – како што и ги создаде. Идните разузнавачи нема да прислушкуваат, тие ќе вградуваат мисли и ДНК. Идната демократија е имплантација. Можно е чипирање без чип. Имплантацијата произведува „слободен говор“, „слободен пазар“, „слободна девијантност“… Толку за денес – збогум. Имајте здравје – чао.

Претходна вестТрудољубивоста е поважна од талентот
Следна вестНашите телевизии се затруени со политика