Административен службеник, економист по образование Марко Ивановски во улога на скопски градоначалник посебно би се ангажирал околу областа на спортот и културата во главниот град.
1. Нови базени за идните детски надежи!
Скопје е град со големина од околу 800.000 жители, а со тоа постоечките базени се претесни за поголемиот дел граѓани. Факт е дека во градот недостасуваат базени
наменети за најразлични категории на граѓани, кои првенствено доаѓаат за рекреација, за спортистите како и за школите за обука за новите детски надежи…
Освен базенот во Центар и во ВИП Арена „Борис Трајковски” во градот практично недостасуваат базени кои одговраат на олимписките стандарди. Базени во кои ќе
се создаваат идните спортски надежи, кои гордо ќе не претставуваат на следните Олимписки игри и со сигурност ќе не закитат со злато.
2. Нов модерен саем
Што е главен град без саем? Скопје заслужува нов и модерен саем!
Уривањето на стариот Скопски саем покажа колку не е добро тоа што главниот град остана без Саем. Таква институција е потребна бидејќи Скопје е град со добра саемска традиција и тоа би бил оправдан потег. Со новиот скопски саем би се обидел да ги привлечам најголе мите светски манифестации, како на пример што е саемот за коли кои се одржува во Женева, Швајцарија, но и соседен Белград, Србија.
Изградба на нов модерен саем би го предвидел во својата програма за работа и тоа брзо би се реализирало.
3. Патека за трки и возачи почетници
Скопје се и организираните спортски трки на Водно. Скопје живее за оваа традиција!
Би направил посебна патека за тестирање на автомобили, за професионално организирани трки, како и дополнителна обука на млади возачи, почетници. На оваа патека возачите – почетници ќе имаат каде дополнително да вежбаат и обучуваат.
На неа возачите кои имаат „вишок на адреналин” во крвта ќе можат да се „издуваат” на сигурно и безбедно место.