Од ковид почина 15-годишно девојче

На Клиниката за инфетктивни болести почина 15-годишна пациентка од село Селце тетовско.

Според информациите од Министерството за здравство, пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста.

Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, а од Министерството велат дека пациентката имала прекумерна телесна тежина.

Според кажувањата на таткото на девојчето, и нејзината мајка починала од коронавирус.

Се очекува детали за овој случај на прес-конференција да соопшти директорката на Инфективна Милена Стевановиќ.

Претходна вестМакедонските одбојкари на Европско, Финска прва пречка
Следна вестГимназијата „Никола Карев“ воведува билингвална паралелка, за првпат тоа е на италијански јазик