Од оваа учебна година нема веќе хартиени дневници.
МОН денеска преку соопштение ги информира родителите и старателите дека од оваа учебна година преку електронскиот дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца на училиште.
Извештаите ќе можат да ги прегледуваат со најавување во системот, за што е изработено соодветно упатство кое може да може да се погледне на следниот линк.
Неделните извештаи содржат информации за наставните содржини кои се реализираат, како и за активностите, оценките и поведението на учениците за време на престојот во училиште.
Родителите и старателите на неделна основа ќе добиваат и СМС-пораки на нивните мобилни телефони.
Упатство за сите функционалности на системот е-дневник, како и видео-упатства за родителите/старателите се објавени на страницата https://ednevnik.edu.mk/ во менито упатства.
Одговори на најчесто поставуваните прашања можат да се најдат во менито ЧПП, а за дополнителна корисничка поддршка, се испраќа порака преку контакт формата во менито контакт.